Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќно издание. Но, истата наиде на бура од коментари, според многумина фудбалерот на Ливерпул, кој е од исламска вероисповед, направил нешто што е недозволиво. Неговата објава има повеќе од 50.000 коментари и два и пол милиони лајкови.
„Срам да ти е, го предаде исламот. Ти си муслиман и не смееш да го славиш Божиќ. Тоа го знаеш!“, „Ова не е наш празник“, „Веќе не си гордоста на Арапите“, „Срам да ти е името“, „Престани да го следиш овој човек“, ова се дел од коментарите.
Секако има и такви кои го пофалија потегот на Салах и рекоа дека тој само покажува како ги почитува другите религии.
View this post on Instagram