Воска Спорт, дебитантот во ВМФЛ – ЗАПАД, која оваа есен заврши како втора на табелата, и тоа пред еден Вардар и официјално објави дека се разделила со седум свои играчи. Имено клубот ја прекинал соработката со Пајазит Салиу, Енис Дервиши, Албнор Каба, Фисник Салиу, Теофил Силјановски, Благој Истатов и Филип Лазаревски.
Од клубот им се заблагодаруваат на досегашниот ангажман и им посакуваат се најубаво во нивните кариера.
Да кажеме дека Истатов и Дервиши си заминаа на нивно барање. Првиот веќе има контакти и понуди од други клубови, додека Дервиши е нов член на Гостивар.
Со оглед на амбициите на Воска Спорт во пролетниот дек, а тоа е задржување на втората позиција и пласман во баражот за ПМФЛ, јасно е дека тимот предводен од стратегот Раде Цицмиловиќ и тоа како ќе се засили.
Засега според нашите информации, договорен е само Арѓент Гафури, некогашниот капитен на Ренова. Исто така се планира барем 5-6 квалитетни прволигашки имиња да дојдат во Охрид оваа зима.