Рудигер од лето во Реал Мадрид

635

Доброупатените во таборот на Реал Мадрид, денеска пренесуваат дека раководството на клубот се договорило првото летно засилување да биде репрезентативецот на Германија, и во моментов член на тимот на Челзи, Антонио Рудигер.

Неговиот актуелен договор со Челзи завршува на лето и тој досега не најде заеднички јазик за продолжуање на истиот. Па така, Реал Мадрид ќе ја искористи оваа ситуација, и Рудигер ќе биде првото летно засилуање за Кралскиот клуб.

Во оваа цела операција голема улога според информациите одиграл и Тони Крос кој е добар пријател со Рудигер и негов соиграч од репрезентацијата на Германија.

Стоперот својата кариера ја започна во Штутгарт, за да потоа премине во Челзи, а играше уште и за Рома како позајмен фудбалер.

 

ПретходноЈунајтед го купува Вирц од Баер Леверкузен (ВИДЕО)
СледноИмето на Зоран Паунов блесна на стадионот во Велес