Како што и доликува, Градскиот стадион во Велес ќе го носи името на Зоран Паунов, фудбалската легенда на овој град. Велешани одамна се подготвуваа на ваков потег, а кога тој конечно е донесен, името на Зоран Паунов осамна и на влезот на Градскиот стадион во Велес.
Тој е легенда на фудбалот во овој град, Велешани никогаш нема да го прежалат прерано заминатиот легендарен голман, кој го носеше дресот на повеќе клубови во Македонија, но Борец и Велес секогаш му беа во срцето.