Рангник призна: Марсијал инсистира да си замине

223

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, ја потврди веста дека 26-годишниот француски напаѓач Антони Марсијал сака да го напушти клубот.

„Ентони ми објасни дека е во Манчестер Јунајтед седум години и чувствува дека е дојдено време за промена. Можам да го разберам. Колку што знам, досега немало понуди за него од други клубови. Сè додека никој не покаже интерес, тој ќе остане во тимот“, изјавил Рангник.

Антони Марсијал дојде во англискиот клуб во 2015 година од АС Монако за тогашна сума од 60 милиони евра.

Оваа сезона Французинот одигра 10 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна еден гол.

ПретходноФеран Торес одлета за Барселона, утре потпишува
СледноЈокиќ ја прекина серијата порази на Денвер (ВИДЕО)