Не сака да игра за Мароко на КАН 2022, за да се бори за место во Барселона

391

Фудбалската репрезентација на Мароко, на чија клупа седи Вахид Халилхоџиќ, со големи амбиции патува за Камерун, каде од 9 јануари до 6 февруари 2022 година ќе се игра Африканскиот куп на нации. Сепак, играчките проблеми за Мароканците, кои патем се и едни од фаворитите на првенството, продолжуваат.

Имено, Вахид Халилхоџиќ за ова првенство останува и без напаѓачот на Барселона, Абдесамад Езалзули, кого новинарите во Шпанија го нарекуваат Ез Абде. Младиот 20-годишен Мароканец добил покана од Халилхоџиќ да учествува на африканското првенство, но според пишувањата на медиумите од Шпанија, тој сепак нема да одговори на поканата.

Талентираниот напаѓач на Барселона кој забележа осум настапи за каталонскиот клуб и постигна еден гол, рекол дека се уште не е подготвен да игра за репрезентацијата на Мароко, затоа што сака да се бори за место во составот на Барселона, по доаѓањето на Чави. Ова негово однесување сигурно нема да остане премолчено од селекторот, кој тешко дека во иднина ќе го повика повторно во репрезентацијата, особено додека е тој на клупата.

ПретходноМанчини: На баражот мислам по неколкупати на ден, но ќе одиме на СП и ќе го освоиме!
СледноЈован Стојоски постави нов македонски рекорд на 200 метри во сала (ВИДЕО)