Рангник: Да се укинат празничните мечеви? Ајде да ја укинеме и кралицата тогаш….

514

Вечерва тимот на Манчестер Јунајтед од 21. часот го игра дуелот против тимот на Њукасл како дел од викенд колото во Премиер лигата.

Менаџерот Ралф Рангник на официјалната прес конференција пред мечот беше запрашан околу најавите во иднина да се укинат празничните мечеви, односно етапи во Премиер лигата.

„Гледам Премиер лига 40 години. Го гледам овој фудбал уште пред оваа лига да се нарече Премиер лгига. Ова не само што е дел од Англиското општество, ова е важно исто колку и пиењето чај во 17:00 часот, или пак Божиќното обраќање на кралицата. Ако се укинат овие мечеви, ајде нека се укинат и кралицата и пиењето чај“ – вели Рангник.

Тој додаде дека Ентони Мартиал, веќе разговарал со него, и му пренел дека седум години колку што е Французинот во Јунајтед се и повеќе од доволно и дека сака да си замине, на што Германецот реагирал потврдно, само се прашува каде ќе замине Мартиал затоа што колку што му е него познато, никакви понуди не се пристигнати во клубот.

ПретходноМејведер се пофали со часовник од 18. милиони долари
СледноРеал подготвува голема чистка