Врањеш: Прва цел е да ја победиме Македонија!

411

Сите учесници на претстојното Европско првенство 2022 во Словачка и Унгарија почнаа со подготовките, дел, како македонската ракометна репрезентација веќе и ги одиграа првите пријателски мечеви.

Кирил Лазаров и неговите избраници континенталното натпреварување ќе го отворат против Словенија на 13. јануари, наш добро познат противник. Јасно е дека Љубомир Врањеш има далеку посилен состав, но не треба да се потцени ниту Македонија, знае да изненади.

Ова Европско првенство за разлика од останатите е многу комплицирано, би рекле сурово. За пласман во главната рунда ќе се изборат репрезентациите кои во своите групи ќе завршат на едно од првите две места во групата.

Токму затоа првата средба ќе биде и тоа како важна во битката за следната рунда.

Врањеш и неговите момци се собраа во понеделникот, тој има голема самодоверба пред стартот на ЕП. Најавува победа над Македонија, засега само нашата селекција е во неговите мисли, за останатите противници ќе размислува после тоа.

„Првата цел е да се победи Македонија, а потоа ќе продолжиме да разговараме за останатите противници. Очекувам уште од првиот меч да играме со голема енергија“, изјави Врањеш.

Словенија подготовките ги почна во Зрече, а веќе утре во Целје ќе го одигра првиот контролен натпревар и тоа против селекцијата на Хрватска.

ПретходноМундо Депортиво ги наседна сите: Роналдо во преговори со Барса, ќе живее во ќуката на Меси
СледноДвајца позитивни на Ковид-19 и во Барселона, го пропуштаат мечот со Мајорка