Прва промена во Силекс, си замина Лазар Пеев

783

Лидерот на второлигашката конкуренција Запад, тимот на Силекс нема премногу да менува во играчкиот кадар зимава, затоа што едноставно нема потреба. Кратовци се број еден засега во својата конкуренција, и тренерот Горазд Михаилов најави дека нема премногу да менува во екипата.

Сепак, дел од играчите ќе заминат во друг тим зимава, а прв кој го менува Силекс за некоја друга средина е Лазар Пеев. Играчот за врска се разделува во Кратовци и ќе ги разгледа опциите кои му се на располагање во овој преоден рок.

Кратовци најавуваат дека ќе доведат барем некого во нападот, па ќе видиме точно за кого ќе се одлучат.

 

ПретходноДарко Размоски од Пелистер оди во Беса
СледноАлими: Штом добив понуда од Работнички не размислував многу дали да ја прифатам!