Жоао Кансело, фудбалерот на Манчестер Сити и португалски репрезентативец, бил нападнат, претепан и ограбен во сопствениот дом.
Тој на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија на која може да се видат расекотини на неговото лице. Кансело бил нападнат од четворица лица, тој пружил отпор, сакајќи да го заштити своето семејство. Напаѓачите го однеле целиот накит и пари кои што ги има во неговиот дом.
“За жал денеска ме нападнаа четворица кукавици кои ме повредија и се обидоа да го повредат и моето семејство. Ова се случува кога ќе пружите отпор. Успеаја да ми го земат целиот накит и да ми го направат ова на моето лице. Најважно е дека моето семејство е добро. И после толку многу пречки во мојот живот, ова е само уште една низ која ќе поминам“, напиша Португалецот.