Денеска одекна “бомбата“ во Градски парк која уште вчера ја најави „Спортмедиа“. Арменд Алими, еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ во последните неколку години и сега веќе некогашен фудбалер на Шкендија, и официјално е нов член на Работнички. Тој при презентацијата како нов член на „романтичарите“ истакна…
“Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните клубови во Македонија. Искрено штом добив понуда од Работнички не размислував многу дали да ја прифатам. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството на клубот и се надевам дека сите заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот. Сакам на сите во Работнички, на фановите, но и на сите во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година“ изјави за клупскиот сајт големото засилување на Работнички.