Рафаел Надал вчера откри дека пристигнал во Мелбурн пред стартот на Отвореното првенство на Австралија, откако се опоравил од коронавирусот.
35-годишниот Шпанец, чија единствена победа на турнирот беше во 2009 година, твитна фотографија од себе на празен терен во Мелбурн Парк со коментар „Не кажувајте никому… тука сум“.
20-кратниот носител на Гренд Слем титули беше позитивен на Ковид-19 откако се врати дома од егзибицискиот турнир во Абу Даби. И голем број други играчи кои беа во Абу Даби исто така беа позитивни, вклучувајќи го и Русинот Андреј Рубљев, женската олимписка шампионка Белинда Бенчиќ и шампионката на УС Опен, Ема Радукану.
Доаѓањето на Рафаел Надал ќе биде поттик за организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 17 јануари.
🤫 Don’t tell anyone…
… here I am 😉 pic.twitter.com/x1F2BJnH3y— Rafa Nadal (@RafaelNadal) December 31, 2021










