Нов удар за Франција пред стартот на ЕП 2022

215

Ракометна репрезентација на Франција загуби уште еден играч пред Европското првенство кое од 13 јануари се игра во Унгарија и Словачка. Поради повреда на мускулот ќе го пропушти пивотот Лука Карабатиќ, а наместо тоа тренерот Гијом Жил го повика Монаро од Нант.

Помладиот брат на Карабатиќ е особено важен за одбраната на Франција, па Жил е во нови неволји. И голем број репрезентативци се заразени со коронавирус и не можат да се подготват за еврото со остатокот од тимот. Претходно поради повреда отпадна одличниот надворешен играч на ПСЖ, Недим Ремили.

Франција на Европското првенство е во група со Хрватска, Србија и Украина. Во втората фаза ќе се пласираат двете најдобри селекции.

ПретходноНадал се „чекираше“ во Мелбурн, ќе дојде ли и Ноле? (ФОТО)
СледноПо 25 години Австралија опен без сестрите Вилијамс