Тетовска Шкендија и играчот за врска Камер Ќака денеска објавија дека со заеднички договор ја прекинуваат соработката.
Камер Ќака дојде во Шкендија во јануари 2021 година и со Шкендија ја освои титулата минатата сезона. Шкендија му се заблагодари за придонесот во дресот на клубот, посакувајќи му многу среќа и успех во продолжението на кариерата.