Откажан слаломот на Сљеме

185

Поради лоша состојба на патеката денешниот слалом кој требаше да се одржи на Сљеме близу Загреб, е откажан. Сите обиди на организаторот за ја доведат до возна состојба патеката не успеаа па така што ФИС одлучи трката да биде откажана.

Голем проблем направи густата магла која што во моментов е спуштена на ова подрачје.

„Водевме битка село претпладне со претставниците на ФИС, околу тоа дали да биде одржана трката или не. Конечната нивна одлука за сите е разочарувачка“ – изјавија од организацискиот тим.

Foto: Profimedia
ПретходноЃоковиќ како азилант… чека влез во Австралија, властите го држат на аеродром
СледноДембеле се смеел на последната понуда од Барселона за продолжение на договорот