Касано во болница поради компликации од Ковид-19

222

Славниот италијански фудбалер Антонио Касано е задржан во болница во Џенова на дополнителни испитувања поради компликации предизвикани од висурот Ковид-19, пренесува Газета дело Спорт.

Весникот додава дека ситуацијата не е загрижувачка, но поради мерки на претпазливост мора да биде задржан во болница. Сопругата на фудбалерот изјави дека поранешниот италијански репрезентативец ги примил двете дози на вакцината и со тоа ги демантираше информациите преку социјалните мрежи дека не бил имунизиран.

Таа додава дека Касано најверојатно се заразил на крајот на декември,а  во Италија вирусот зема нов замав и се повеќе луѓе се заболени од Ковид-19.

ПретходноУште позитивни ракометари во српската репрезентација
СледноЊукасл го донесе Трипие, следен за потпис е Арон Ремзи