По Премиер-лига, коронавирусот направи проблеми и во Серија А. Претходно беа одложени дуелите меѓу Салернитана – Венеција и Фиорентина – Удинезе, а утринава дојде потврда дека нема да се одигра натпреварот од вонредното 20. коло, а тоа е натпреварот Аталанта – Торино.
Дуеллот во Бергамо требаше да се одигра денеска, но екипата од Торино имаше позитивни случаи на Ковид-19. Ова ќе биде дополнителен проблем за тимот бидејќи викендов треба да игра уште еден меч, кај Фиорентина.
Торино до крајот на следната недела треба да излезе од карантин, па под знач прашалник ќе биде и мечот со Сампдорија на 15. јануари од 22. коло.
Новиот сој на коронавирус, омикрон направи проблеми во Англија, Холандија, Белгија, Португалија, каде екипите имаат дури по десет позитивни фудбалери.