Управата на Борусија Дортмунд се реши на несекојдневен потег. Германски клуб објави конкурс за дизајнирање на нов дрес за сезоната 2023/2024 и тоа не трет или комплет за тренинг, туку дизајн на оној првиот, црно-жолт.
Во своите долги инструкции, Борусија им објасни на навивачите за што се треба да се грижат и им дозволи да ја добијат матрицата за дресот, кој потоа можат да го дизајнираат по нивен вкус.
„Во 112 години од нашата историја, имавме безброј дресови. Од незаборавни до модерни и луди до неимпресивни. Да, признаваме, имаше и целосни неуспеси. Но, сите наши дресови го претставуваа целото семејство Борусија и заедницата обврзана со незаборавни спомени. Затоа се одлучивме за нешто посебно. Сакаме да го дизајнираме дресот за сезоната 2023/2024 со сите вас. Сакаме ваши предлози во која било форма. Можете да го нацртате на рака, 3D анимација, нацртајте ја на парче компир, како и да е. Дизајнирајте го нашиот дрес!“ објави Борусија.