Менаџерот на Роналдо итно допатувал во Манчестер

730

Менаџерот на Кристијано Роналдо итно слетал во Манчестер за да се види со својот играч, пишува „Daily Mail“.

Португалецот неофицијално не е задоволен од начинот на кој се одвиваат работите на „Олд Трафорд“, иако на 21 средба има постигнато 14 голови. Но, Јунајтед заостанува зад Сити со 22 бода, не игра добро, а новиот тренер, Ралф Рангник не успеа да ги разбуди момците.

„Кристијано е загрижен за ситуацијата во Јунајтед. Тимот е на удар на жестоки критики, тој е свесен дека лидерската улога е во негови раце. Португалецот е под стрес поради се, очајнички сака неговиот кам-бек во Јунајтед да биде успешен. Но, свесен е дека битката за трофеите нема да биде лесно. Хорхе мина некое време со него, разговараа за потенцијални решенија. Ништо нема да биде изненадување“, вели неименуван извор.

Англиските медиуми и претходно објавија дека Роналдо не е задоволен од работата на новиот тренер, кој пак сака јавно да ги критикува играчите по лошите резултати.

ПретходноМајами убедливо против Феникс, брутална партија на Сабонис (ВИДЕО)
СледноФернандеш со култна изјава за тоа дали ќе се сели во Барселона