Македонската ракометна репрезентација ги прави финалните подготовки пред стартот на Европското првенство кое почнува на 13. јануари, а ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Денеска е еден од најважните денови за Кирил Лазаров и неговите момци, утринава треба да го направат последниот Ковид-тест кој ЕХФ им го наложи на сите учесници. На претходните две тестирања сите беа негативни, се надеваме дека вака ќе биде и денеска, во Дебрецен ќе настапиме во најсилен состав.
Македонските ракометари за Унгарија заминуваат утре после пладне, прво ќе одработат тренинг, а потоа ќе се пакуваат за новиот голем предизвик.
На првата средба од групната фаза Македонија ќе ги одмери силите со Словенија, на 15. јануари игра со Црна Гора, додека два дена подоцна ќе се сретне со Данска, ова е последна средба од групната фаза. Во главната рунда ќе се пласираат првите две пласирани репрезентации од секоја група.