Атлетико запрен во Виљареал, Кореа погоди од пола терен (видео)

268

Екипите на Виљареал и Атлетико одиграа 2:2 во меч од 20. коло на шпанската Ла Лига. Шампионот поведе во 10. минута со гол на Ахнел Кореа и тоа од половина терен. Погодок кој може да конкурира како најубав сезонава во најсилната шпанска лига.

Но потоа Виљареал се разбуди, доби пенал во 23. минута и го промаши Морено. Две минути подоцна ВАР му поништи гол на Парехо поради игра со рака, но во 29. минута Пабло Торес го изедначи резултатот.

На стартот на второто полувреме Морено носи предност за „жолтата подморница“, а на 2:2 изедначи Кондогбија во 67. минута. Во последните минути стрелецот на вториот гол за мадриѓаните доби црвен картон.

За Атлетико ова е шесто реми сезонава и е на четвртото место на табелата, а Виљареал е на осмата позиција и има осум ремија.

ПретходноKeрер му донесе бод на ПСЖ против Лион (видео)
СледноСудот му ја врати визата на Ѓоковиќ, но настапот на АО е под прашалник