Циркусот продолжува: Ноле пак е уапсен, го чека депортација

709

Продолжува „циркусот“ кој деновиве го гледаме во Мелбурн каде Новак Ѓоковиќ допатува за да ја брани титулата на Австралија опен.
По слетувањето на аеродромот тој беше уапсен, визата му беше поништена, тој се жалеше, федералниот суд одлучи во негова полза, но властите не му дозволуваат тој да влезе во Австралија.

Сега се чека министерот за имиграција Алекс Хок да каже дали најдобриот тенисер на светот ќе може да игра на Австралија опен или не. Ноле иако ги доби документите назад, тој повторно е во притвор се додека не се огласи Хок и да каже што понатаму.

Ако министерот за имиграција повторно ја укине визата за Ноле тој ќе биде депортиран назад и ќе му биде изречена тригодишна забрана за влез во Австралија.

 

Претходно„Ни го понудија Рибери, а јас ги прашав: Тој уште игра фудбал?“
СледноЕкс-играч на Јунајтед и Дортмунд ќе игра во белгиски Ст.Тројден