Како изгледа патот до европското злато?

245

За еден ден ќе стартува Европското ракометно првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Ова континентално натпреварување ќе биде поинакво од останатите, патот до следната рунда од ЕХФ го направија исклучително тежок, шансите за поголем број на земји меѓу кои и Македонија се навистина мали.

Вкупно 24 земји ќе земат учество на ова континентално натпреварување, групната фаза ќе се одржи во пет градови: Будипешта, Сегедин и Дебрецин во Унгарија, Братислава и Кошице во Словачка.

Ќе се одиграат вкупно 65 натпревари, 36 во групната фаза, 24 во главната рунда, два во полуфиналето, еден за 5/6 место, еден за бронзениот медал и еден за златото.

Репрезентациите се поделени во шест групи, првите две од секоја од нив ќе се пласира во главната фаза. Првиот дел ќе се одржи од 13. јануари до 18. јануари, термините во кои ќе се играат се 18 и 20:30 часот.

По ден одмор продолжуваат мечевите од главната рунда. Групата А во која се наоѓа Македонија вкрстува со групите Б и Ц, додека во пак втората група ја сочинуваат најдобрите две од Д, Е и Ф. Градови домаќини се Будимпешта и Братислава, термините на одигрување се 15:30, 18 и 20:30 часот.

Во полуфиналето ќе се најдат првите две селекции, додека пак оние кои ќе завршат на третото место ќе играат за петата позиција на ЕП. И полуфиналето и финалето ќе се игра во Будимпешта.

Последниот ден од континенталното натпреварување е закажан за 30. овој месец со почеток во 18 часот.

ПретходноИ Вардар тргна со подготовките!
СледноРаботнички се пофали со Анес Рушевиќ!