За Кирил Лазаров ова Европско првенство ќе биде посебно. Македонската гол-машина за последен пат ќе го носи „црвено-жолтиот“ дрес на едно големо натпреварување, на крајот на оваа сезона треба да стави кај на својата играчка кариера.
25 години е дел од националниот тим како играч, од скоро тој ја превзема и селекторската улога. Колку Лазаров дал за Македонија говорат и статистичките бројки кои ЕХФ ги објави пред стартот на ЕУРО 2022 година.
Кирил Лазаров е во Топ 10 вечната листа на стрелци на континенталните натпреварувања. Се наоѓа на деветото место со 182 погодоци. Кире до овој учинок дојде од 2012 до 2020 година. Лидер е Сигурдсон со 288 гола, зад него е Никола Карабатиќ со 264 гола.
Кире се наоѓа и во Топ 10 листата на најмногу постигнати голови на еден меч, 13 гола даде против Данска во Србија.
Да не заборавиме дека Лазаров до ЕП 2020 година го држеше рекордот по најмногу постигнати голови на еден шампионат, имаше 61 погодок, кој го оствари на ЕП во Србија 2012 година. Новиот рекордер е Сандер Сагосен со 65 гола.