Славче Војнески е нов тренер на Пахтакор

217

Македонскиот фудбалски стратег Славче Војнески прави сериозен исчекор во неговата тренерска кариера. Поставен е за нов тренер на Узбекистанскиот гигант Пахтакор, актуелниот шампион на оваа држава и ушесникот во Азиската Лига на Шампиони.

Војнески е поставен како прв тренер по последната тренерска смена, и пред него е сериозен предизвик. Пахтакор е клуб кој има сериозни амбиции, кој константно е дел од Азиската Лига на Шампиони, и таму бележи сериозни резултати.

Досега Војнески што се однесува до интернационалната тренерска кариера беше дел од екипите на Серед во Словачка, односно  Турските, Елазигспор, Генчлербирлиги, Газиантепспор и Ризеспор.

 

 

ПретходноКорона во Словенија пред дуелот со Македонија
СледноЛазаров: Немаме време за жалење, гледаме напред! Словенија е фаворит, но Македонија не оди со бело знаме!