Секој ракометар е сам во соба: Немаме проблем како во другите во Сегедин, никој не се рашетува низ хотелот

981

Македонската ракометна репрезентација за разлика од групата во Сегедин, каде ракометарите се сместени во ист хотел со обичните туристи и не се внимава на ковид-протоколите, не може да се „пофали“ со ваков проблем.

Во хотелот во Дебрецен, нашите ракометари ги имаат сите услови. Заедно се сместени со Данска и Словенија, требало да биде и Црна Гора, но немало доволно соби за нив, бидејќи во таборот на Македонија се внимава, секој играч е сместен сам во соба.

„Ги прочитав тие информации за Сегедин. За разлика од таму имаме мир, сами сме во хотелот, нема лица кои се рашетуваат, секој сам е во соба за да се зштитиме од ситуацијата во која се наоѓа целиот свет. Тука сме со Словенија и Данска, за Црна Гора немаше место. Не можеме да се пожалиме, се е во најдобар ред“, изјави Лазаров.

Македонија и Словенија играат утре со почеток во 18 часот.

ПретходноВисла Краков тргнува по Енис Фазлагиќ
СледноШпански Суперкуп: Барса-Реал во борба за влез во финале