Каков хаос и скандал на мечот меѓу Тунис и Мали, кој заврши со резултат 0:1. Имаше и тоа како што да се види на овој натпревар од 1.коло во групата во Африканскиот Куп на Нации.
Имено неразбирливо, иако резултатот беше 0:1, судијата означи крај во 89.минута и тоа без да покаже судиско продолжение, а имаше причини за тоа.
Победничкиот гол го даде Коне во 48.минута и тоа откако беше сигурен во изведувањето на пеналот. Во 77.минута Тунис преку Казри не успеа да погоди од белата точка.
На крај во таа 88.минута ВАР пресуди да судијата му даде црвен картон на Ел Билал Туре, кој беше навистина изненаден од оваа одлука. И кога заврши целата процедура со ВАР-от, судијата во таа 89. минута покажа дека натпреварот е завршен.
Интересно е тоа што судијата од Замбија прво покажа крај во 85.минута, но потоа од ВАР собата му беше кажано дека има уште да се игра.