Јакимовски “поцрвене“: Со Олимпијакос беше херој, а денеска трагичар!

344

Никола Јакимовски, нашиот интернационалец во Грција, денеска немаше свој ден. Имено тој во дресот на Аполон Смирна, уште во 19.минута мораше предвреме да го напушти теренот со оглед на тоа дека на мечот со ОФИ Крит доби директен црвен картон. Во тие моменти резултатот беше 0:0, а потоа по излегувањето на Македонецот, домашниот состав на Аполон едноставно беше немоќен со игра, помалку да му се спротистави на разиграниот гостин кој на крајот убедливо го доби овој натпревар од 13.коло со 0:3.

Да се потсетиме дека пред неколку дена токму Јакимовски беше најзаслужниот што Аполон остана непоразен против големиот фаворит, тимот на Олимпијакос.

Претходно“Фалангата“ на пат кон Дебрецен: Битола и Тетово за – МАКЕДОНИЈА!
СледноПичини во Црвена Звезда – плата 600.000 евра, договор до 2024 година!