Денеска во Унгарија и Словачка и официјално стартува 15 издание на Европското првенство во ракомет, второ во новиот формат со 24 земји учеснички.
Пред стартот на овој турнир е јасно дека истиот ќе мине во знакот на Ковид-19, проблем со кој се соочија сите репрезентации, како и по чудните правила на ЕХФ во време на пандемија, кои предизвикаа голем бунт, особено во групата во Сегедин. Таму Франција и Србија се пожалија на крајно лошите услови во хотелот во кој се сместени, што претставува иронија на она што ЕХФ го бара од репрезентациите.
Се чини дека до европската круна нема да дојде најдобриот, туку онаа репрезентација која ќе успее да се сочува до самиот крај и нема да се соочи со позитивни случаи на коронавирус. Па, кој ќе преживее ќе раскажува, за жал ЕХФ ги доведе селекциите до ова ниво
Бранител на тронот е Шпанија, на стартот ќе се соочи со селекцијата на Чешка. Шпанците имаат една желба да ја продолжат серијата на освоени златни медали на континенталното натпреварување и да дојдат до третиот пехар.
Во составот го немаат најдобриот Алекс Душебаев, но имаат доволено силен ростер за високи дострели. Пред се на голот се де Варгас и Коралес. Селекторот, Жорди Рибера има доволен „арсенал“ за хет-трик.
Главна закана за актуелниот првак се Франција и Данска. Ова се две селекции кои на последното Европско првенство целосно потфрлија, па нивната цел е јасна. За разлика од останатите репрезентации успеаја да се сочуваат (без поголеми ковид проблеми) до пред самиот старт.
И на ова Еврпско првенство нема да видиме голем број на ѕзведи покрај Душебаев, Петар Ненадиќ, Лука Катабатиќ, Ремили, Игор Карачаиќ, Колбахер, Каралек…како и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој одамна е повреден и до крајот на оваа сезона нема да се врати на терените.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА А
18.00 часот Словенија-Македонија
20.30 часот Данска-Црна Гора
ГРУПА Б
20.30 Унгарија-Холандија
ГРУПА Ц
18.00 часот Србија-Украина
20.30 часот Хрватска-Франција
ГРУПА Е
18:00 Шпанија-Чешка
20.30 БиХ-Шведска
ГРУПА Ф
18.00 часот Русија-Литванија
20.30 часот Словачка-Норвешка