Денеска конечно беше одржана ждрепката за првото коло од првиот Гренд Слем турнир во сезоната, Австралија Опен, кој доцнеше поради ситуацијата со Новак Ѓоковиќ. Истата е разрешена, барем засега и тој се најде во ждрепката. Ќе игра во првото коло против Миомир Кецмановиќ, секако како прв носите на турнирот.
Вториот носител Данил Медведев на стартот ќе настапи против Швајцарецот Лаксонен, а Рафаел Надал се наоѓа на старната на Ѓоковиќ во ждрепката, па нивниот дуел е можен во полуфиналето од овој турнир.