Тимот на ЖФК Љуботен во пролетната полусезона ќе биде посилен за 23 годишната Присила Едите Силва интернационалка од Бразил. Поранешниот напаѓач на Juventus/SP, Osasco Audax i Bahia и досегашен член на Fortaleza во пролетниот дел ќе биде вистинско освежување во офанзивниот дел од тимот на Љуботен.
Со ова засилуавње од Тетово велат дека сега сигурно се кадарни и способни да ја нападнат шампионската титула во домашното првенство и на тој начин да ја претставуваат Македонија на меѓународна сцена.