Швајцарецот Марко Одермат најдобар и во Венген (видео)

120

Швајцарецот Марко Одермат е победник на супервелеслаломот кој во рамките на Светскиот куп во алпско скијање се возеше во Венген. Одермат потврди дека е во одлична форма затоа што ја забележа петтата победа сезонава, а втора во супервелеслаломот или вкупно 10-та во кариерата.

Освојувачот на второто место, Норвежанецот Александар Омот Килде остана прв  фаврит за освојување на Кристалниот глобус во оваа дисциплина.

Третото место го освои Австриецот Матијас Маер.

Во пласманот на супервелеслаломот води Килде со 380 бодови, а втор е Одермат со 319.

Во генералниот пласман Одермат води со 945 бодови, а Омот Килде има 549 бодови на второто место.

Утре и задутре во Венген на програмата е спустот во машка конкуренција.

ПретходноБрегалница го посакува Буњамин Шабани, би платила и отштета!
СледноТешко е без Лазаров: Храбра игра и пораз на Македонија од Словенија на стартот на ЕП (ФОТО)