Миркуловски не завршува со ова ЕП: Ќе играм за Македонија и на баражите!

482

Како се доближува крајот на ова Европското првенство за Македонија така се поставуваат многу прашања. Секогаш во преден план е составот, кој и како ќе продолжи да го носи националниот дрес, секако од оние поискусните ракометари.

На прво место е Филип Миркуловски. За неговата љубов и жртва за Македонија не треба да се зборува многу, од бројните мечеви и удари кои ги примаше, за срцето на терен кое секогаш го остава до неговата одлука да се врати во националниот дрес и да помогне во процесот на созадавање на нова генерација.

Најважна вест која доаѓа од Дебрецен е дека Миркуловски ќе игра и во баражите за Светското првенство 2023, секако доколку биде во одлична здравствена состојба. Оти во текот на деновите работите се менуваат, особено кај спортистите.

„Планирам да игра за Македонија и на баражите за Светско првенством само да ме послужи здравјето“, ни потврди Миркуловски.

Македонија вечерва (20:30 часот) игра против Данска во последниот меч од групната фаза на ЕП.

ПретходноПресврт: Јуве ја повлече последната понуда за Дибала, сега сака да му ја намали платата
СледноСе менуваат работите за Ѓоковиќ и неговиот настап на Ролан Гарос