„Жал ми е за Лазаров, тој е искусен господин што знае се за ракометот“

2419

Данска вечерва (20:30 часот) е апсолутен фаворит против Македонија во последниот меч од групата А во Дебрецен. Николај Јакобсен против Словенија го заверија своето место во главната фаза, дуелот со македонската ракометна репрезентација ќе биде само печат на лидерското место.

Иако Данците секогаш биле фаворит против нашата земја, сепак отсуството на Кирил Лазаров за сите ракометни тимови им ја прави работатат полесна. За вредноста на богатството кое Македонија го поседува со години зборуваше и 38 годишно крило Ласе Свон Хансен.

„Жал ми е за Лазаров. Сигурно е многу фрустрирачки за него што нема да може да игра. Тоа е ракометар што има долга и блескава кариера и ќе беше многу „кул“ да можеше да ја заврши како што треба. Го сфаќам и ја има целата моја поддршка. 
Сигурно ќе го подигнеше нивото на тимот и покрај возраста. Тој е искусен господин што знае се за ракометната игра. Навистина, штета и за него и за Македонија“, изјави крилото на Флензбург.

Ова Европско првенство требаше да биде последно големо за Лазаров, но поради повреда непосредно пред дуелот со Словенија, тој не е во составот на Македонија. Вака ќе биде и денеска.

ПретходноНоле пристигна во Белград: Со својот потег ги разочара новинарите и фановите (ВИДЕО)
СледноПознати деталите за организација на Купот на Македонија – почетната сума е 500.000 денари