Миовски од „втора“ погоди против Борец

1779

Бојан Миовски беше стрелец денеска за својот тим МТК во дуелот со нашиот прволигаш Борец од Велес во рамките од подготовките во Анталија кои се обавуваат во моментов. Во дуелот кој се играше на два пати по шеесет минути и во кој нормално шанса добија голем број на играчи, МТК победи со 5:1, а еден од погодоците за Унгарскиот тим го постигна токму Миовски. Претходно тој промаши пенал, а голот што се вели е од “втора“. За  Борец пак голот го постигна Кристијан Николовски. Последниот гол за тимот од Унгарија го постигна Херера, некогашниот фудбалер на Работнички.

За МТК во стартниот тим исто така се појави и Стефан Спировски кој зимава го засили овој клуб.

 

 

ПретходноСкопје го враќа Моунпаин во своите редови
СледноЛазаров има само еден совет за своите момци за дуелот со Данска