Дориан Бабунски: Знаевме дека еден ден со Давид ќе заиграме во ист клуб

338

Играчот за кого најмногу се зборуваше оваа зима, барем што се однесува до Македонскиот пазар, секако беше Дориан Бабунски. Македонскиот репрезентативец по одличната полусезона во Ботев Враца, замина во Унгарија каде што во следните 2.5 години ќе го носи дресот на тимот на Дебрецин. Клуб со традиција, трофеји, навивачи и Давид Бабунски во своите редови. Братот на Дориан.

„Верувајте дека одсекогаш со Давид замислуваме, посакувавме, да играме во ист клуб. Потајно и знаевме дека еден ден тоа ќе се оствари. Тој ден еве дојде. Секако дека сум среќен што сум тука. Што ете мојата кариера добива еден сосема нов пат од денеска. Среќен сум, како и не би бил. Дебрецин е голем клуб, имам огромна желба сега да се докажам тука, да продолжам со голови, да покажам што можам. Давид секако дека ќе ми помогне во тоа, јас најдобро знам што може тој и колку може. Во тандем ќе оствариме многу нешта“ – изјави за Спортмедиа, Дориан Бабунски.

ПретходноИлиев се прости од Арсенал
СледноДрашко Ѓорѓевиќ се врати во Работнички!