За Кирил Лазаров ова Европско првенство требаше да биде последно големо во неговата кариера. Поради повреда мак-гол машина остана да ја извршува само селекторската функција.
Навивачите, како и цела нација остана во шок, бидејќи со Кире и без него на теренот има разлика.
Сите сакаат да го видат на теренот во Дебрецен, па токму затоа на „Твитер“ излезе петиција, да влезе на мечот со Данска и да шутира барем од линијата за седум метри, на овој начин ќе остане запишано неговото учество на ЕУРО 2022, а навивачите ќе можат со овации да го поздрават најдобриот.
Истата на големо се потпишува, дали ќе се случи тоа ќе видиме наскоро.
🚨 Official Petition for @LazarovKiril7 to take 7m penalty in his last ever game for North Macedonia tonight at @EHFEURO
Please sign below with comment. pic.twitter.com/h8o9ehrdlg
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 17, 2022