Шкотска легенда втор пат на кормилото на Евертон

211

По разрешувањето на Рафаел Бенитез како менаџер на Евертон, клубот од „Гудисон парк“ го именува легендарниот нивни напаѓач Данкан Фергусон за претстојните натпревари. Шкотланѓанецот го водеше денешниот тренинг, а тој ќе биде привремен тренер на екипата и ќе ја предводи на мечот со Астон Вила во сабота.

Негови помошници се Џон Ебрел и Лејтон Бејнс.

Ова е втор пат Фергусон да биде привремен тренер на Евертон, а првиот пат освои пет бода од три натпревари против Челзи, Манчестер Јунајтед и Аррсенал во декември 2019 година.

Фергусон играше за Евертон од 1994 до 1998 година и потоа од 2000 до 2006 година. Има преку 270 натпревари за „карамелите“. Играше и за Њукасл,  Ренџерс и Данди Јунајтед.

Тој беше тренер на младите категории на Евертон, а потоа вклучен во стручниот штаб на менаџерите.

Во меѓувреме од Англија стигнуваат информации дека Евертон на списокот има неколку имиња меѓу кои Френк Лампард, Вејн Руни, Тим Кејхил… Меѓу нив беше и селекторот на Белгија Роберто Мартинез но тој ги одбил.

ПретходноКолашинац го засили Олимпик Марсеј
СледноКрах на Унгарците, Германија ја преслуша Полска за прво место