Македонскиот олимписки комитет вечерва ги потврди имињата на македонските спортисти кои ќе не преставуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг од 4 до 20 февруари оваа година. Според информацијата од МОК, врз основа на комуникација со ФИС (Меѓународната скијачка федерација) и ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), МОК информира дека македонската Олимписка делегација, која ќе учествува на зимските Олимписки игри во Пекинг, ќе биде составена од следните спортисти:
* Ана Цветановска – Крос кантри – ФИС код 3755009 (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).
* Дардан Дехари – Слалом – ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).
* Ставре Јада – Крос кантри – ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.
Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари.