ФИФА донесе ново правило што се однесува до фудбалерите кои клубовите ги позајмуваат во текот на сезоната. Ова правило требаше да стартува пред две години, меѓутоа поради коронавирусот и проблемите во локалните фудбалски шампионати се одложи. Сега тоа ќе стартува од 1 јули 2022 година.
ФИФА реши да го ограничи бројот на фудбалери кои ќе одат на позајмица во текот на сезоната. Па така клубовите во 2022/23 ќе можат да позајмат најмногу 8 фудбалери, во сезоната 2023/24 ќе можат да позајмуваат максимум седум фудбалери, а од 1 јули 2024 година вкупниот број на позајмени фудбалери ќе падне на 6.
Во овие правила не се вклучени играчите помлади од 21 година.
Притоа краткотрајните позајмици ќе се укинат. Минималниот договор за позајмица ќе биде помеѓу два трансфери прозорци – обично тие се во јануари и јуни-август за време на европската вонсезона, а максималниот период ќе биде една година.
Забрането е да се изнајми играч на трет тим ако тој веќе е префрлен во втор тим.
Ограничувања ќе има и за трансфери на играчи меѓу два професионални клуба, а во двете насоки тие можат да бидат до три.