Шалке сака експресен кам бек во прва лига, стигна провото засилување

364

Катастрофата која му се случи на тимот на Шалке 04 сезонава, ќе има сериозни последици во функционирањето на клубот. Тимот од Гелзенкирхен испадна од прва лига и следна сезона ќе биде дел од „Цвајта.

Иако сето тоа во моментов излгеда трагично, за управата на  клубот е предизвик Шалке веднаш, по само една сезона да се врати во „елитата“.

Во таа насока, доведено е и првото засилување за тимот, откако голем дел од играчите кои и го испаднаа клубот си заминаа.

Се работи за досегашниот дефанзивец на Штутгарт, Марцин Камински кој има 29. години и кој веќе е претставен како нов играч.

Полскиот интернационалец има десетина настапи за својата репрезентација и има солидно искуство со играње во Германија.

 

ПретходноСтанал голман затоа што тренерот немал кого да стави меѓу диреците!
СледноПСЖ го сака Тео Хернандез, но цената е 40 милиони евра