Холандија дојде до првата победа во главната рунда. На дуелот со Црногорците влезе со проблемите, покрај селекторот, Ричардсон и тренерот на голманите, Ејлерс, во составот поради Ковид-19 ги немаше Шелекенс и Равенсберген.
Во последен момент улета Тијс Ван Лејвен, кој е нова ѕвезда на Европското првенство. Тој не само што не беше во плановите на предводникот на селекторот, туку мораше да го прекине зимскиот одмор. Лејвен е анонимец, има 34 години и игра во Белгија, за тимот на Спортинг Пелт.
Тој дуелот со Црна Гора запиша 15 интервенции, беше прогласен за играч на мечот, имаше и зошто.
He arrived yesterday, and this is his first ever #ehfeuro match: Thijs van Leeuwen in the @Handbalheren 🇳🇱 goal 🔥#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/MVEOmrI4no
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2022