Хрватска и покрај добрата игра не успеа да приреди сензација на последниот меч од групата 1 во главната фаза, беше поразена од Данска со 27-25.
Иван Чупиќ на оваа средба постигна три гола и успеа да влезе во вечната листа на Топ 10 стрелци во историјата на Европските првенства. Екс-вардарецот сега има 182 погодоци исто колку македонската гол-машина Кирил Лазаров и Јан Филип од Чешка.
Тројцата го делат третото место, а Чупиќ на следните два меча ќе има шанса да се искачи погоре. Лазаров поради повреда не одигра ниту една средба на континенталното натпреварување, остана на оваа бројка.
*Табелата е направена пред стартот на Европското првенство