Првакот по заверка на полуфинале, Норвешка 25 години без победа над Шпанија

167

Полека почнува расплетот околу полуфиналистите на Европското првенство. Денеска ќе се одиграат три меча од групата 2, на распоред е третото коло во Братислава.

Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Шпанија и Норвешка. Актуелниот бранител на титулата е во неверојатна серија од 17 меча без пораз на континенталните натпреварувања. Со триумф на вечерашната пресметка (20:30 часот) против Норвешка ќе го завери своето место во полуфиналето.

„Фуријата“ на оваа средба влегува како фаворит, иако пред себе има квалитетен противник, причината е историјата на меѓусебни пресметки. Шпанија во последните пресметки со Норвешка има 18 победи и едно реми. Последен пат кога изгубила од оваа селекција е во далечната 1997 година. Дали Сандер Сагосен и неговите соиграчи ќе успеат да го променат ова ќе бидиме денеска.

На останатите две средби, Полска и Русија ќе се борат за првите бодови во главната рунда (15:30 часот), додека Шведска на сметка на Германија ќе се обиде да се вмеша во трката за првите две места во групата 2, кои водат во полуфиналето.

ПретходноПерез и Лапорта си пружија рака за неверојатен пакт меѓу Реал и Барса
СледноЛУДИЛО во Бразил: Хулиган со нож влезе на терен на меч меѓу јуниорски екипи! (ВИДЕО)