Тијс Ван Лејвен е име за кое од вчера на големо се зборува во ракометниот крем. Дојде во Будимпешта да и помогне на Холандија на дуелот со Црна Гора, откако во тимот имаше позитивни случаи на Ковид-19, меѓу нив и голманите.
Овој 34-годишен чувар на мрежа откри дека никогаш не се занимавал со ракомет професионално, морал да работи 36 часа неделно, а тренирал шест часа. Тој е роден во Саудиска Арабија и работи во здравство, поточно на импланти за черепи.
„Никогаш не сум бил професионалец. Морав да работам 36 часа неделно, а тренирав шест пати неделно. За нас Холанѓаните нема ништо посебно во ова, ние се уште учиме ракомет“, рече по мечот.
Лејвен добил повик во 11 часот во петокот, се спакувал и веднаш тргнал накај Будимпешта. Застана на голот и запиша 15 интервенции за прва победа на Холандија во главната рунда.
По феноменалната партија беше прогласен за играч на мечот, во соблекувалната на Холандија се славеше лудо.
View this post on Instagram