Е. Пелистер дел од подготовките за продолжение на сезоната ги минува во Загреб. Во главниот хрватски град битолчани ќе одиграат три пријателски натпревари, против Целје, ППД Загреб и Сесвете. Жељко Бабиќ за овие средби повика тројца ракометари од вториот тим. Станува збор за Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Филип Арсеновски.
Повикани ракометари: Мартон Секељи, Марко Кизиќ, Филип Ивановски, Цветан Кузманоски *, Гоце Ојлески, Реиние Табоада, Немања Обрадовиќ. Дејан Кукуловски, Јосип Периќ, Марио Танковски, Павле Атанасијевиќ *, Мартин Велковски, Ненад Костески, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан, Филип Арсеновски *, Милорад Кукоски *.
Повикани ракометари од Еурофарм Пелистер 2: Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Филип Арсеновски.
Отсутни ракометари: Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Никола Маркоски, Бојан Маџовски (заради повреда ќе останат да работат во Битола) Матео Мараш (учесник на Европско првенство).
Контролни натпревари на Еурофарм Пелистер: 24 јануари: Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 26 јануари: Сесвете – Еурофарм Пелистер 28 јануари: ППД Загреб – Еурофарм Пелистер.