Крај на Европското првенство за Халил Јагањац

349

Нов проблем за хрватската репрезентација до крајот на главната фаза. Селекторот, Хрвоје Хорват нема да може да смета на услугите на Халил Јагањац. По повредата некогашниот член на Металург е позитивен на коронавирус.

Со оглед на правилата на ЕХФ за време на континенталното натпреварување кога станува збор за Ковид-19 и фактот дека Хрватска нема шанси за пласман на третото место, тој го завршува ова ЕУРО.

Хрватска утре игра со Исланд, додека два дена подоцна со Данска.

ПретходноЕлмас со асистенција во триумфот на Наполи (ВИДЕО)
СледноКаква драма: Косоротов од 15 метри со звукот на сирената и донесе бод на Русија