Заигра фудбал по две години поради операција на тумор на мозокот, доби величествен пречек (видео)

353

Вечерва во Шпанија се одигра финалето во женскиот Суперкуп помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Барса го освои трофеот по убедливата победа, но тоа воопшто не беше важно на крајот на мечот туку во центарот на вниманието беше фудбалерката на Атлетико Вирџинија Торесиља која се врати на фудбалските терени по пауза од две години. На 27-годишната фудбалерка и беше дијагностициран тумор на мозокот поради што отиде на операција во Памплона па следуваше хемотерапија и рехабилитација од околу две години.

Сега се врати на терените и влезе во игра во финишот на мечот каде што доби аплауз, а на крајот на мечот дури и колешките од Барселона ја изгушкаа и ја креваа на раце покажувајќи почит за храброста и истрајноста во нејзината животна борба.

„Среќна сум што повторно сум со колешките на теренот. Ова е важен чекор… помина многу време, потребно беше многу жртвување, многу тренинзи за да се вратам на терените. Му се заблагодарувам на клубот и на сите што беа со мене“, изави Торесиља.

ПретходноНачевски и Николов утре го судат мечот Данска – Холандија
СледноПартизан е победник на турнирот по повод 75-годишнината на ОК Вардар (ФОТО)