Пет тима во трка за билетот за главниот викенд во Будимпешта, само Хрватска без шанси!

436

Пет тима од групата 1 и натаму имаат шанса да обезбедат билет за главниот викенд на Европското првенство. Денеска на програмата во Будимпешта ќе се одиграат три меча, само Хрватска по шестти пат од 1994 година остана без шанси за пласман во полуфиналето.

Клопчето ќе одмота дури вечера, работите ќе станат појасни. Кој ќе се најде на чекор до полуфиналето ќе одлучат самите репрезентации.

Први на терен ќе истрчаат Исланд и Хрватска (15:30 часот). „Рибарите“ во претходното коло ја совладаа Франција убедливо и покрај тоа што настапија со втор тим и влегоа во игра за едно од двете место кое води во битката за титулата.

Исланд има четири бодови, со победа на оваа средба, а потоа и над Црна Гора, како и добар сплет на настаните во групата 1, може да направи голем подвиг.

Единствената непоразена репрезентација на ова ЕУРО, Данска уште денеска може да се најде во полуфиналето, победа над незгодната Холандија ќе биде доволна, на контото ќе додаде два бода за вкупни осум и комотно ќе го дочека последното коло. На Микел Хансен и неговите соиграчи патот им е отворен, во составот на Холандија ќе го нема најдобриот стрелец, Кај Смитс, кој поради Ковид-19 е во изолација. „Лалињата“ имаат ростер за големи чекори, останува тоа да го потврдат во 18 часот.

Франција нема право на грешка по поразот од Исланд, сега мора да ја добие Црна Гора доколку сака да се најде меѓу четирите најдобри екипи. Но нема да биде лесно, противникот е едно од најголемите изненадувања, сигурно нема лесно да се предаде. Овој натпревар е закажан со почеток во 20:30 часот.

ПретходноРК Алкалоид со две нови засилувања
СледноДобра вест: Јелена Антиќ се врати на терените по долгата пауза!