По еден месец одмор, овој викенд продолжија и возбудувањата во Првата лига-жени. Се одигра 12. коло, кое го одбележа враќањето на кошаркарските терени на Јелена Антиќ која поради повреда паузираше долго време.
Оваа вест е добра за актуелниот првак, но и за македонската репрезентација, таа ќе може да им помогне на кошаркарките во квалификациите за ЕП. Антиќ која ја врешеше улогата на прв тренер, сега е активна и на теренот. Ги запиша своите први играчки минути како дел од шампионскиот тим од Македонска Каменица.
Одлична вест за екипата која ги брани двата трофеи во македонската женска кошарка. Тоа беше „евидентирано“ и со победа во дуелот потив екипата на Вардар (72:59). Доволно на две кола пред крјаот на регуларнито дел да се одвои од „вардарки“ на втората позиција на табелата.
Лидер на табелата е Бадел, кој беше од составот на МЗТ Скопје Аеродром (71:64).
Младиот тим на Крива Паланка излезе како победник во натпреварот со Струга 2009 (75:67) и се доближи до позицијата број 4 на која во овој момент се стружанки.
По подолга пауза победи и екипата на Пробаскет, на домашен терен во Кавадарци, против ослабениот состав на скопски Работнички (78:63).
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО
Пробаскет – Работнички 78:63
Крива Паланка – Струга 2009 75:67
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром 71:64
Баскет Кам 2011 – Вардар 72:59
ТАБЕЛА: Бадел 1862 24, Баскет Кам 2011 22, Вардар 21, Струга 2009 19, Крива Паланка 17, Работнички 14, МЗТ Скопје Аеродром 14, Пробаскет 13;